
Хрват загинал додека отстранувал паднато дрво од невремето
Во Хрватска, човек загина отстранувајќи дрво кое паднало при невремето.
Во општината Бабина Греда едно лице загина при отстранување на дрво оштетено во невремето, информираше вуковарско-сремската полиција. На местото на настанот се испратени полициска патрола и брза помош. Освен тројцата загинати во разорното невреме кое се случи на 19 јули, еден пожарникар загина при санирање на штетите по невремето, објави Индекс. Вчера имаше невреме во Војводина. Минатата недела невреме имаше во повеќе држави во регионот и пошироко. Дуваше силен ветер и паѓаше град.
