Храмот „Св. Петка” во Црниче слави 100-годишен јубилеј
Храмот „Св. Петка” во скопското Црниче овој викенд свечено ќе го одбележи својот 100-годишен јубилеј. Скопската епархија на МПЦ-ОА најави дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот. Централната прослава, пак, ќе се одржи во недела со Божествена литургија, која започнува во 09:00 часот.