
Хорор во Лос Анџелес: Пронајдени четири безживотни тела во куќа по пукање
Полициската управа во Лос Анџелес покрена истрага откако се случи пукање во дом во Гранада Хилс, предградие на Лос Анџелес, по што беа пронајдени четири безживотни тела.
Пукањето се случило во саботата околу 18:50 часот, јавува CBS News.
Полицијата верува дека се работи за убиство-самоубиство, но жртвите и осомничените не се идентификувани.
Мотивот за пукањето се уште се утврдува.