Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХЕРОЈСКИ ПОТЕГ НА МАКЕДОНЕЦ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: спасил давеник од Франција
Регион

ХЕРОЈСКИ ПОТЕГ НА МАКЕДОНЕЦ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: спасил давеник од Франција

21/06/2024

AA

Македонецот Милош од Скопје, благодарение на брзата реакција успеа да спаси давеник од водите во Грција. 

Како што објави „Вечер“, во текот на вчерашниот дена во Грција, нашиот државјанин спаси французин кој се давел во морето на една од плажите на острвот Крф. 

Станувало збор за повозрасен граѓанин, отприлика 80 годишен кој штом влегол во морето, по кратко време почнал да се дави, но за среќа го забележа скопјанецот Милош, кој со семејството се наоѓаше на плажата.

– Со син ми и сопругата одмаравме на плажа. Имаше и други туристи, претежно Англичани. Во еден момент моето 9 годишно синче почна да вика дека некој дедо се дави во морето. Не размислував ниту момент. Скокнав во морето и допливав до човекот кој веќе беше полусвесен. 

Го фатив силно под пазувите и пливав со него до обалата. Беше омалаксан, тежок и не зборуваше ништо. Успеав да го довлечам до обала, го легнав на плажата , а тој не мрдаше воопшто, вели за весникот Вечер, 33 годишниот Милош од Скопје кој со семејството е на одмор на острвот Крф.

Милош во разговорот истакнал дека дедото бил на плажа сам со сопругата која веднаш притрчала видно исплашена и немоќно гледала што се случува.

– Јас и мојата сопруга му укажавме прва помош, се освести, а во меѓувреме неговата сопруга се јави на некого на телефон, дојде едно возило и го однесоа. Жената не знаеше англиски и само ни викаше “ мерси, мерси…” вели Милош и додава дека го зачудил односот на другите луѓе на плажата кои со прст не мрднале „а човек пред очи ќе им се удавеше. Но, се е добро, кога добро ќе се заврши“, вели скопјанецот Милош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НАСИЛСТВОТО ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Полицијата повикува на

01/11/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕРМАНИЈА

01/11/2026
Македонија

ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ДОБИ СПОМЕНИК ВО РОДНАТА БИТОЛА Авторот на „Македонско

01/11/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 13 ЧАСОТ Е 27,81 ПРОЦЕНТИ Гласањето

01/11/2026
Македонија

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДО 11 ЧАСОТ Е 13,82 ПРОЦЕНТИ Гласањето

01/11/2026
Македонија

🎥 ИЗГОРЕ ГАРАЖАТА ЗА АВТОБУСИ НА КОМПАНИЈАТА „БЕЛДОНА“ ВО КОЧАНСКО

01/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До

01/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено

31/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46485
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА НАСИЛСТВОТО ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Полицијата повикува на разговор лица кои учествувале во

01/11/2026

СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ЗАДГРАНИЧНИ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГЕРМАНИЈА Македонската дијаспора е нераскинлив дел

01/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со членовите на Извршниот комитет Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, присуствуваше на Третата конференција

ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ДОБИ СПОМЕНИК ВО РОДНАТА БИТОЛА Авторот на „Македонско девојче“ покрај Мостот на вљубените

01/11/2026

Споменик на Јонче Христовски, пејачот и композитор чии песни ги пеат генерации Македонци, е поставен на влезот во Старата битолска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy