
ХАОС НА БУГАРСКА ГРАНИЦА: Српски АМСС предупредува на двокилометарска колона!
Патнички автомобили, автобуси и камиони чекаат околу два часа при влез во Бугарија на граничниот премин Градина каде е формирана колона од околу два километри, соопшти денеска Автомобилскиот сојуз на Србија (АМСС).
Застои за автомобили и автобуси се уште има само на Прешевскиот премин кон Македонија, каде што излезот од Србија трае околу 20 минути, се додава во соопштението.
На товарните терминали на граничните премини камионите чекаат четири часа кај Шид, три кај Батровци и по еден час на премините Келебија и Бачка Паланка.
ФОТО: Илустрација