
Гвардиола: Сакам да ги одбраниме освоените титули од минатата сезона!
Гвардиола кажа дека има големи амбиции и оваа сезона, односно сака да ги одбрани освоените титули од минатата сезона.
„Артета го донесе Арсенал во позиција да се борат за титули. Предизвикот оваа сезона ќе биде поголем затоа што многу екипи ќе се борат за трофејот во Премиерлигата. Сакам да ги одбраниме освоените титули од минатата сезона“, вели Гвардиола.
