Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грозданов: Лажните активисти свесно ја осиромашуваат Македонија поради личен ќар од антизападни центри
Македонија

Грозданов: Лажните активисти свесно ја осиромашуваат Македонија поради личен ќар од антизападни центри

24/01/2024

AA

Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во колумната насловена „Рударската иднина е конечна и државотворна“ пишува дека стопирањето на одливот на мозоци од Македонија е прашање за иднината на татковината, а не нечиј моментален проект за наплаќање хонорари. Тој во овој контекст ги споменува еко-активистите кои се противат на отворањето на рудници и според него тие одработуваат туѓи агенди. Сепак, Грозданов не ги изостави и политичарите.

– Постојат и личности како Министерката за труд и социјална политика, родум од Струмица, која е убедена дека ќе печали 100 гласови плус за својот СДСМ ако популистички крикне „Јас рудник не дозволувам да се изгради во Струмичката котлина“. Ова нема врска со еко туку исклучиво во политички активизам. Затоа, сега наметнувам една дилема поврзана со ресорот труд и социјала. По прашање на преваленцијата на попреченоста, Светската Здравствена Организација (World Health Organization – WHO) проценува дека 15 % од светската популација има некоја форма на попреченост, од кои 2-4 % имаат значителни тешкотии во секојдневното функционирање. Користејќи ги последните достапни информации за бројот на населението во Македонија и аплицирајќи го светскиот процент, согласно оваа формула, произлегува дека 303.382,00 граѓани во Македонија имаат некаква попреченост. Клучното прашање е како државата успешно да им го олесни животот на оваа категорија наши сограѓани. Со предизборен популизам или со системски решенија за кои се неопходни пари?, истакнува Грозданов.

Според аналитичарот, токму од овие причини како држава мораме да вложуваме во здравјето на целата нација и да вложуваме во заштитата на нашите деца.

-Ако можевме ние да останеме во Македонија и да вложуваме во нашата среќа зошто пак други да заминат. Мудра држава изнаоѓа начини како да привлече инвеститори кои заработуваат милијарди и имаат желба да инвестираат дел од нивните пари во Македонија. Нашите аргументи се многу едноставни. Имаме рударска металична жица која поминува низ територијата на Источна Македонија, со застапеност на бакар како руда со вредност од 20 милијарди евра, додава Грозданов.

Тој истакна дека доколку се преработува оваа руда кај нас, во нашата држава, проценката на интелектуално-образованите професори е дека вкупната инвестиција и потенцијална заработувачка е 70 милијарди евра.

-Дали можете да замислите што значат 70 милијарди евра? И тоа не било каде, туку во Македонија. Зарем не е убавина нашите деца од Струмиченца, се извинувам Пјаченца да се вратат кај своите блиски. Да не спијат по пет луѓе во иста соба во туѓина и единствена забава да им биде во сабота кога можат да воздивнат и да испазарат намирници кои ги имаат и во Македонија. Па замислете мајка и внуците од синот кој е во близина со својот татко, брат, зет итн. Наместо тоа ние си имаме лажни екологисти кои залутале во своите умствени авантури, а кои немаат никаква врска со реалноста и кои одработуваат за да не се случат опишаните средби помеѓу мајка и син, потенцира аналитичарот.

Според Грозданов, како што ги нарекува, лажните активисти одработуваат младото работоспособно население да остане во туѓина.

-Овие личности кои немаат реализирано детство ама имаат несреќен приод кон младоста ги бркаат струмичани од најмалку две причини: заради свесно осиромашување на Македонија со измислени панични сценарија по здравјето на граѓаните, животната средина и земјоделието; заради лични привилегии и ќар ползуван од антизападни центри на моќ кои делуваат со политичко-безбедносна агенда во која предизвикување арбитражни постапки со астрономски отштети на товар на државните буџети се составен дел, смета Грозданов.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈДОВМЕ ДРОГА КАЈ ВОЈНИК Армијата со јасна порака дека секое

03/03/2026
Македонија

Завршува голготата на булеварот ,,Борис Трајковски”: Објавена јавната набавка, машините

03/03/2026
Македонија

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за

03/03/2026
Македонија

Руте ја посети и Армијата, Лафчиски му додели Голема плакета!

03/03/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42191
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈДОВМЕ ДРОГА КАЈ ВОЈНИК Армијата со јасна порака дека секое нарушување ќе се казни

03/03/2026

Армијата информираше дека на 12 февруари во рамки на внатрешни проверки кај еден припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина.

Завршува голготата на булеварот ,,Борис Трајковски”: Објавена јавната набавка, машините почнуваат со работа за 40

03/03/2026

Долгогодишната „сообраќајна голгота“ на влезот во населбата Драчево конечно добива своја завршница. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска

„ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ЧУВАЈТЕ НЀ БЕЗБЕДНИ“ Руте со поддршка за македонските сили

03/03/2026

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска од касарната Илинден во Скопје порача дека е од клучно значење сите 32

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy