Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грковска: Не смееме да дозволиме пораст на евроскептицизмот
Македонија

Грковска: Не смееме да дозволиме пораст на евроскептицизмот

17/05/2023

AA

Имаме реформски фронт и силна политичка волја за да се исполнат стратешките приоритети на државата, чија крајна цел е подобар стандард и подобар живот за граѓаните. Но, треба да се потсетиме дека не сите досегашни влади беа вистински реформски настроени и резултат на тоа е што проблемите се таложеа без да се решаваат со години. Наместо реформи гледавме популизам и репресија, истакна вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панел дискусијата – „Руската агресија над Украина: Нов моментум за проширувањето на ЕУ?“, организирана од Белградскиот центар за безбедносна политика, која денеска се одржа во Скопје.

Во одговорот на прашањето за текот на реформите во државата Грковска додаде дека и покрај огромните последици од периодот на заробена држава, Северна Македонија денес посветено се движи по реформскиот пат, за што говори фактот што сега имаме фер и демократски изборен процес, почитување на човековите права, партнерски однос кон граѓанскиот сектор, систем на отворени финансии, инвеститори кои го препознаваат напредокот и огромно подобрување во поглед на медиумските слободи. Како најголем предизвик за реформскиот процес е состојбата во правосудството, каде, како што посочи вицепремиерката Грковска, и покрај сите напори, обуки и инвестирања, резултатите се далеку од задоволителни и тоа се одразува на сите останати сегменти во општеството.

-Неказнивоста и селективноста пред законот е причина за екстремно ниската доверба на граѓаните во судскиот систем, но и главна пречка за владеењето на правото во државата. Поразителна е таа нееднаквост пред законите, во која тие се обврзувачки само за обичниот граѓанин, вели Грковска, соопшти владината прес-служба.

Одговарајќи на прашање околу предлозите за алтернативи на постоечката методологија за пристапување кон ЕУ, вицепремиерката истакна дека такви иницијативи, за земји кои се во средина на процесот, само ги поттикнуваат евроскептиците да ја засилат својата кампања против приближувањето кон ЕУ, што е особено загрижувачки во контекст на војната на Русија против Украина.

-Затоа сметам дека сите треба да сме одговорни. Ние, од нашата гледна точка за исполнување на реформите, и од друга страна ЕУ, за тоа какви последици имаат ваквите предлози и постапки врз поддршката за зачленувањето во ЕУ и за зголемување на евроскептицизмот, изјави Грковска.

На настанот на Белградскиот центар за безбедносна политика, кој е независен истражувачки центар кој придонесува за унапредување на безбедноста на граѓаните во согласност со демократските принципи и почитувањето на човековите права, учествуваше и претседателот Стево Пендаровски, Весела Чернева од Европскиот совет за надворешни односи и Дарко Булдиоски, програмски директор на Отворено општество – Европа и Централна Азија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy