Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грковска на COSP 10 во Атланта: Промовирањето и заштитата на еднаквите права е предуслов за правда во секое општество
Македонија

Грковска на COSP 10 во Атланта: Промовирањето и заштитата на еднаквите права е предуслов за правда во секое општество

13/12/2023

AA

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на Конференцијата на земјите членки потписнички на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата, што се одржува во Атланта, САД, учествуваше на панелот на тема „Моќта на родовата еднаквост и инклузијата во справувањето со корупцијата“.

Вицепремиерката Грковска истакна дека промовирањето и заштитата на еднаквите права е предуслов за правда во секое општество. Затоа, нагласи таа, ако успееме да изградиме систем кој ефикасно ги заштитува правата на сите граѓани, без дискриминација, независно од полот, или која било друга основа, системот безусловно ќе стане подобар.

„Со зголемувањето на учеството на жените во сите општествени процеси, ќе обезбедиме можност различни гледишта и ставови да бидат земени предвид, а тоа ќе доведе до подобри и поквалитетни одлуки, како и до намалени ризици од корупција“, нагласи Грковска и изрази благодарност до UNODC за поддршката при формирањето Форумот на Југоисточна Европа на жени лидерки за добро владеење и антикорупција во март оваа година. Регионалниот формат на овој Форум, додаде таа, ни помага да учиме едни од други, да ги споредуваме различните практики и искуства, што е значајно за сите нас имајќи ги предвид сличностите на општествата во регионот.

Вицепремиерката Грковска се осврна и истражување за полот и корупцијата во јавната администрација во Северна Македонија, што неодамна беше спроведено по нејзина иницијатива. Иако резултатите сѐ уште се во фаза на сублимирање и анализа, првичните податоци покажуваат дека жените се многу повеќе сензибилизирани во препознавање на корупцијата.

„Ова истражување исто така покажува дека како држава мора да работиме и на други прашања, како што се зајакнување на механизмите за пријавување корупција, унапредување на механизмите за заштита на укажувачите, како јакнење на свесноста кај вработените во јавната администрација за ризиците од корупција“, додаде Грковска.

На панелот воведно обраќање имаше извршната директорка на Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите Нации, Гада Вали, а како панелисти, покрај вицепремиерката Грковска, учествуваа Доминик Хаслер, министерка за надворешни прашања, образование и спорт на Лихтенштајн, Адриан Саундерс, претседател на Судот на правдата на Карибите, Годфред Даме, главен обвинител и министер за правда на Гана, како и Ноксоло Кивиет, министер за јавни услуги и администрација на Јужна Африка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy