Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Грипот доцни, но зема залет – пикот се очекува во февруари, загадувањето дополнително ги полни амбулантите
Македонија

Грипот доцни, но зема залет – пикот се очекува во февруари, загадувањето дополнително ги полни амбулантите

23/12/2025

AA

Наместо во ноември, грипот годинава „задоцни“ и почна интензивно да се шири дури во втората половина на декември. Д-р Сања Цилевска Младеновска од вакциналниот пункт во поликлиниката „Букурешт“ вели дека изминатиов период доминирале настинките и други вирусни инфекции, особено кај најмладите, кои се прелевале една во друга. Сепак, вистинскиот грип сега чука на врата.

„Искрено, оваа година, баш и со колегите коментираме дека некако покасно почна. Вие сме навикнати веќе на оние големи гужви, редици во амбулантите уште од ноември месец. Меѓутоа, сега некако полека почнува, значи втората половина на декември да се создава оној зголемен број на заболени деца“, вели д-р Сања Цилевска Младеновска

Освен вирусите, големиот број на пациенти е директна последица и на надворешните фактори. Наглото заладување на температурите, комбинирано со високото ниво на аерозагадување, ги прави децата посебно ранливи (вулнерабилни). Лекарите очекуваат кратко смирување на состојбата за време на училишниот распуст, но предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа со почетокот на второто полугодие.

„Очекуваме сега малку со распустот тоа да се смири. Меѓутоа, како и секоја година, знаеме дека со тргнувањето на учениците во второ полугодие, после празниците, пак следи оној пик. Пикот на грипот е секогаш најголем во февруари. Тоа е така секоја година и оваа не би била исклучок“, вели д-р Сања Цилевска Младеновска

Вакцинацијата, која е најдобра заштита, започна уште на 16 октомври. Досега се вакцинирани околу 78.000 граѓани. Иако интересот кај родителите за вакцинирање на децата расте од година во година, докторката вели дека тоа сè уште не е на посакуваното задоволително ниво.

Лекарите апелираат на внимателност за време на празничните патувања и собирите во затворени простории, кои се идеални за ширење на инфекциите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy