Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРЕШКА НА КОМПАНИЈАТА ИЛИ НА КЛИЕНТОТ?! Airbnb казнета поради забуна со долари
Економија

ГРЕШКА НА КОМПАНИЈАТА ИЛИ НА КЛИЕНТОТ?! Airbnb казнета поради забуна со долари

20/12/2023

AA

Австралијанци кои резервираа сместување преку најпознатата платформа во светот Airbnb, за што им било наплатено во американски долари, може да сметаат на компензација. Имено, Федералниот суд ја казни оваа компанија со 15 милиони австралиски долари, бидејќи не појаснила дека цените на резервацијата не се изразени во таа валута, туку во американската валута.

Покрај тоа, на Airbnb му беше наложено да плати до 15 милиони долари како компензација на илјадници други засегнати корисници – во форма на рефундирање и такси за конверзија – при што корисниците се очекува да добијат во просек 230 долари.

Помеѓу јануари 2018 и август 2021 година, беше откриено дека Airbnb дала лажни или погрешни тврдења до приближно 70.000 клиенти, чии цени се во американски долари.

„Тоа е софтверска грешка“

Имено, веб-страницата ги прикажувала цените користејќи го симболот „$“, но не е јасно дека цените се изразени во американски, а не во австралиски долари. Уште на почетокот на овој случај, Airbnb призна дека го прекршила австралискиот Закон за заштита на потрошувачите со оваа практика, а случајот беше инициран минатата година од Комисијата за конкуренција и потрошувачи (ACCC).

Судијата во пресудата навел дека Airbnb не прецизирал дека цените се во американски долари, освен на дното на првите три веб-страници за резервации, а потоа поизразено на четвртата страница, кога корисникот ја потврдил резервацијата.

Исто така, судот забележа дека 2.088 клиенти се пожалиле на Airbnb дека им се наплатува во американски долари, но им било кажано дека „избрале своја валута“, што, како што се вели, е неточно.

Airbnb has been fined $15 million after it showed Australian users accommodation prices in US dollars. https://t.co/wTMA3rqroz

— SBS News (@SBSNews) December 20, 2023

Компанијата за резервации за сместување подоцна ја обвини софтверската грешка за проблемот, при што програмата наводно не им ја понудила на клиентите во Австралија локалната валута, пишува Гардијан.

Сепак, Airbnb ќе треба да ги плати и судските трошоци на надлежната комисија, а се додава дека веќе ги надоместила трошоците на 8.000 корисници: сумата е околу 9,4 милиони долари. Сепак, судот утврди дека вкупната вредност на разликата меѓу австралиските и американските цени за предметните резервации изнесувала дури 16,8 милиони долари.

Судијата посочил дека Airbnb веројатно има корист од „корисниците што претпоставуваат“ дека цените се изразени во австралиски долари, бидејќи тоа го прави сместувањето подостапно.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy