Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРЕГОРИЈАНЕЦОТ ФИЛИПЧЕ Е ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО И ВО ПРОСТОРОТ Според СДСМ Божик по Јулијанскиот календар е на 25 декември
Македонија

ГРЕГОРИЈАНЕЦОТ ФИЛИПЧЕ Е ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО И ВО ПРОСТОРОТ Според СДСМ Божик по Јулијанскиот календар е на 25 декември

20/01/2026

AA

Жално е што претседателот на СДСМ Венко Филипче не знае по која црковна традиција се води црквата, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ на соопштението со кое СДСМ се обидува да претстави дека Филипче не направил лапсус кога вчера на големиотхристијански празник Водици наместо со поздравот „Бог се јави“, ги поздрави верниците со „Бог се роди“.

„Помалку смешно изгледа што СДСМ секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква. ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДСМ Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав, честиташе со поздравот „Бог се роди“, што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Немаше потреба, се додава, безидејниот СДСМ да прави случај од овој лапсус на Венко и да го правда дека и за ова сме биле криви од ВМРО-ДПМНЕ и дека целата јавност не видела дека Филипче не згрешил.

„Не ја знаеме временската зона по која Венко се води, но грегоријанецот Венко треба да знае дека не се води по ниту еден календар затоа што е изгубен во времето и во просторот. За таквото губење заслужен е Дубаи кланот со срдечна поддршка од екипата на Башановиќ. Очигледно Венко го влечат за нос и прават кловн од човекот, создавајќи паралели со Србија како да е СДСМ српска колонистичка партија и експозитура на српската политика. Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите, затоа што во иднина нема да нè зачуди, во деновите на лето да честита и Српска Нова година, нормално под менторство на неговите старатели од Белград“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Во соопштение со наслов „ВМРО религиозни дезинформации“ опозициската СДСМ на чело со Филипче вели дека  ВМРО-ДПМНЕ дури и на голем верски празник се обидува да го исмее претседателот на СДСМ, поради неговиот поздрав на празникот Богојавление Водици.

„Овој вид евтина политичка манипулација само покажува колку ВМРО-ДПМНЕ е оддалечена од реалните проблеми на граѓаните и колку се подготвени да злоупотребуваат сè, дури и верските традиции за политички поени. По црковната традиција, божиќниот поздрав „Бог се роди“ се користи од Божик на 7 јануари, па сè до Богојавление на 19 јануари. Значи, не е погрешно да се користи и на овој ден, заедно со вообичаениот поздрав „Бог се јави“. Дополнително, во некои локални обичаи и традиции, овој поздрав може да се користи и подолго, што го покажува богатството на православната култура. Во текстот на кујните на ВМРО-ДПМНЕ стои, цитираме: Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божик, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот или на 7 јануари според Јулијанскиот календар. Прво, не се поздравува по Божикниот празник, туку од тоа утро, од тој ден на празникот! Второ, не е „7 јануари по Јулијанскиот, по јулијанскиот календар е 25 декември, но ние денес живееме по грегоријанскиот календар, па го перципираме како 7 јануари“, соопшти СДСМ.

🎥 ЗА ФИЛИПЧЕ НА ВОДИЦИ „БОГ СЕ РОДИ“ За „Бог се јави“ ќе почека до Велигден 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy