
Грчката полиција објави фотографии од „арсеналот“ на хрватските навивачи: Палки, ножеви, динамит…
Грчката полиција објави документирани фотографии од арсеналот што го поседуваат хрватските хулигани обвинети за смртоносниот напад во Нова Филаделфија во Атина. Уапсените поседувале ножеви, палки, шипки, ракети и динамит.
29-годишниот Михалис Кацурис почина од неконтролирано крварење откако бил прободен со нож од навивач на Динамо Загреб пред стадионот на АЕК Атина.

Полицијата ги прегледува безбедносните камери за да го идентификува убиецот или убијците на 29-годишниот Михалис пред „Опап арената“ во метежот што настана во понеделникот вечерта.
Безбедносните екипи од изутрината се на поширокото подрачје на Нова Филаделфија до ОАКА и ја бараат рутата по која тргнале хулиганите од Динамо Загреб. Тие проценуваат дека во раната фаза многу од нив не носат качулки за да се сокријат.

