Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градски трговски центар: Фокусирана на развојот на молови без излози, државата го уништи ГТЦ кој денес има повеќе затворени дуќани од купувачи
Македонија

Градски трговски центар: Фокусирана на развојот на молови без излози, државата го уништи ГТЦ кој денес има повеќе затворени дуќани од купувачи

16/12/2023

AA

Со отворањето на модернистичкиот „Дајмонд Мол“ и најавеното отворање на „Џевахир Мол“ кај облакодерите во Аеродром Скопје ќе добие вкупно пет големи затворени шопинг молови вклучувајќи ги и „Сити Мол“, „Ист Гејт“ и „Рамстор Мол“.

Во сите нив има над илјада продавници, ресторани, сендвичарници, книжарници, сувенирници, но ниту еден од нив не му е ниту до колена на стариот и добар Градски трговски центар кога се работи за архитектонското вклопување во просторот и душата која му ја дал на главниот град Скопје.

Овие пет трговски центри немаат излози и немаат однос кон луѓето, а ГТЦ за разлика од нив е социјален простор чија цел не е само трговијата туку и претопувањето во градскиот пејзаж.

Фокусирани на развојот на модерни и затворени молови, властите го претворија ГТЦ од грандиозно здание од 114.000 квадратни метри во објект во распаѓање во кој од вкупно 450 деловни простории, за сега 80 се затворени.

Објектот кој е синоним за центарот на Скопје и низ кој дневно поминуваа 25.000 граѓани и потенцијални потрошувачи тоне поради неможноста на дуќанџиите да платат за кирија и давачки, а бројката на затворени дуќани се очекува да расте, додека нема други кои се заинтересирани да отворат свои бизниси во ГТЦ.

Дуќанџиите се жалат дека послабата куповна моќ не е главната причина за неговот пропаѓање туку понудите кои ги има во останатите трговски центри и не очекуваат никој од власта да го спаси ГТЦ. Велат, ги нема ниту неговите гушкачи кои жестоко се бореа за објектот организирајќи и референдум за негов спас кога власта на ВМРО-ДПМНЕ сакаше да го обнови со барокна фасада. Седум години невладините организации не пуштиле глас за тоа што ГТЦ се распаѓа физички и тоне како акционерско друштво.

Ништо нема ниту од зелениот покрив на ГТЦ кој го отвори бившиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов кон крајот на ноември 2019 година. Просторот беше уреден со зеленило од 1.800 квадратни метри. Засадени беа 29 висококвалитетни дрвја и 3.656 разни видови садници. Изведени беа фонтани и базени, шаховско поле, мини амфитеатар и беше поставена урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.
Зелениот покрив на ГТЦ кој чинеше 550.000 евра, денес е запуштен, фонтаните не функционираат, а зелените површини се исушени.

Архитектонскиот симбол на Скопје, Градски трговски центар (ГТЦ) генерирал загуба од 645.000 евра за 2022 година. ГТЦ успеал да оствари оперативни приходи од 3,9 милиони евра, воглавно преку продажба на закупнините од деловни објекти што ги издава. ГТЦ имал далеку поголеми расходи, нешто над 4,5 милиони евра. Најмногу од средствата биле потрошени за плати на вработените, еден милион и 60.000 евра за нето плати, односно 1,6 милиони евра бруто. Расходот за вкупно потрошена електрична енергија е 1,3 милиони евра.

ГТЦ од архитектонски симбол денес е претворен во државно акционерско друштво за партиски поткусурувања и за скандали. Последниот скандал беше поврзан со „копањето“ криптовалути во подрумот на ГТЦ, но директорот Ѓоко Трајчевски ги отфрли сите обвинувања дека некој копал криптовалути и биткоини.

Факти за ГТЦ:
Планот на ГТЦ се учи како задолжителна лекција по предметот „Општествени згради“ на Архитектонскиот факултет во Скопје!
Во својата функционалистичка основа ГТЦ е континуитет на балканската традиција за отворена чаршија низ која се поминува – токму како старата скопска чаршија.
ГТЦ е изграден од монтажни панели и челична конструкција, а не од бетон! Монтажната градба е иднина на архитектурата. ГТЦ е технички револуционерен за своето време.
ГТЦ има хуманистички граѓански концепт на „покриен“ плоштад.
ГТЦ е во согласност со идеите на Кензо Танге за Скопје. Живко Поповски бил дел од тимот кој работел на реализација на проектот на Танге. Кензо Танге имал идеја да се направи „лебдечки“мост кој ќе ги поврзува Новата железничка станица и ГТЦ за да можат посетителите директно од воз да дојдат до ГТЦ.
ГТЦ не го оптоварува градот, за разлика од габаритните шопинг молови. Живко Поповски на своите предавања велел: „Треба да се прават згради толку добро вклопени во опкружувањето што воопшто нема да се забележи нивното постоење”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy