Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градежна фирма го обвини МНР дека одолговлекува тендер затоа што се од Зајас
Економија

Градежна фирма го обвини МНР дека одолговлекува тендер затоа што се од Зајас

20/12/2023

AA

Градежната компанија Еуроинвест Медиу реагира со соопштение во јавноста дека Министерството за надворешни работи го одолговлекува склучувањето на договорот за тендер за реконструкција на амбасадата во Цирих само поради тоа што се од Зајас.

Од таму велат дека се единствената компанија која се пријавила на повикот за реконструкција на дипломатското претставништво во Швајцарија, а во продолжение ја пренесуваме нивната реакција.

„Компанијата ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ, почитувајќи ги сите законските прописи и исполнувајќи ги сите услови, изврши пријавување на тендерот за градежни работи и реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих, објавен од Министерството за надворешни работи со Оглас бр. 19953/2023.

Без разлика дали поради фактот што се работи за сложен зафат, во друга земја – Швајцарија, или од недостаток на интерес, на огласот не беше пријавена друга компанија, законските прописи не дозволуваат тоа да претставува ограничување за Договорната страна да не ја заврши тендерската постапка и да склучи договор со нас за изведување на реконструкцијата.

Иако законските рокови за донесување одлука не се поминати, фактот што само за една компанија не е донесена одлука говори дека Министерството за надворешни работи го одолговлекува финализирањето на постапката и конечниот избор на ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ за изведбените работи.

Свесни сме дека фактот што седиштето на нашата компанија е во Зајас претставува атрактивна политичка информација, но тоа не смее да претставува ограничувачки фактор за нашата економска, техничка, кадровска и стручна екипираност за изведување на предвидените градежни зафати.

Напротив, ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ претставува сериозна компанија, со бројни успешни проекти зад себе, со голем број вработени кои ја остваруваат својата лична егзистенција преку придонесот во работата на компанијата, како и бројни кооперанти, соработници и добавувачи. Во името на сите овие групи, сакаме да реагираме навреме и до МНР како договорен орган, но и до јавноста.

Недостатокот од одлука, или одбивање да се одбере ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ заради седиштето на компанијата во с. Зајас, ќе го сметаме за флагрантно кршење на основните права и слободи на граѓаните на земјава, како и незаконски однос кон бизнис секторот кој ги нарушува основните правила на пазарната економија.

Секоја таква одлука компанијата ќе jа обжали до сите правни и правосудни инстанци, а соодветно ќе бидат известени и органите за добро владеење, органите за спречување корупција, невладините организации, медиумите, како и амбасадите на земјите кои имаат дипломатски претставништва во земјава“, пишува во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy