
ГРАД-РЕКОРДЕР ПО БРОЈ НА ПРАТКИ: Поради 15 милиони пратки дневно, воведува достава во метро
Во Пекинг започна пилот проект за транспорт на експресни
пакети со метро, надвор од шпицот.
Проектот има за цел да го намали сообраќајниот метеж и да ги
намали емисиите на јаглерод во кинескиот главен град, јавува China Radio
International.
Со цел да се обезбеди безбедно и уредно функционирање на
пилот линиите, Општинската транспортна комисија во Пекинг одреди дека стоката
што се транспортира мора да ги почитува безбедносните протоколи и да помине
безбедносни проверки.
Секој ден во Пекинг се испорачуваат околу 15 милиони пакети,
а повеќето од тие стоки се испорачуваат со возила.
ФОТО: Unsplash