
„Граѓаните избраа меѓу интеграција и изолација“, вели Османи
Кандидатот за претседател Бујар Османи откако го оствари своето право на глас рече дека граѓаните се одлучиле меѓу две опции – интеграција и изолација.
„Мислам дека овие избори не се обични. Тие се клучни за нашата иднина бидејќи државата е на крстопат. Пред нас се две опции и граѓаните мора да одлучат за една од овие две опции – интеграција или изолација“, рече Османи.