
Гостиварци бесни на судијата Стојчевски: Оштетени сме, не ги прифаќаме казните!
Македонскиот прволигаш смета дека Стојчевски имал скандалозни одлуки на мечот, поради кои бил оштетен нивниот тим.
„Поради незаслужените црвени картони кои беа изречени на нашите фудбалери и тренери, Ангелче Тимовски е суспендиран на два меча, Муарем Муарем на четири натпревари, додека Рамиз Газелчи на три месеци. Клубот не ги прифаќа овие казни и ќе се жали на одлуката“, соопштија од Гостивар.
