
Гостивар остана без вода, оштетен главниот цевковод
Градежна механизација на компанијата „Бехтел и Енка“ при ископни работи го оштетила главниот цевковод на водоводната мрежа во Гостивар, поради што градот и околните населби останаа без вода за пиење.
Од ЈП „Комуналец“ информираат дека станува збор за сериозен дефект, при што се оштетени две доводни цевки во близина на селото Здуње — главна со дијаметар од 500 мм и помошна од 200 мм, кои носат вода од изворот на Вардар до корисниците.
Техничките екипи се на терен и работат на санација, а нормалното водоснабдување ќе биде воспоставено по завршување на поправките, соопшти претпријатието, извинувајќи се за непријатностите.

