Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гостивар и со изменет состав покажа дека дома ќе биде – ептен незгоден!
Спорт

Гостивар и со изменет состав покажа дека дома ќе биде – ептен незгоден!

01/10/2023

AA

Екипата на Гостивар со драстично изменет состав влезе во новата сезона, но и покрај тоа покажа дека ќе продолжи да биде „негостољубив“ домаќин, откако вечерва пред своите навивачи ја доби дерби-пресмектата против фаворизираниот Пелистер (75-68).

Гостите беа рамноправен противник само во првата четвртина, во која двапати имаа плус пет и која ја добија со 18-16. Неизвесноста траеше до финишот од вториот период, кога гостиварци со серија 12-4 првпат посериозно резултатски се одлепија (41-33) и дојдоа до водство кое не го испуштија до крајот. Битолчани се трудеа, даваа се од себе, но не успеаја посериозно да му се приближат на домаќинот, барем не доволно за да направат резултатски пресврт.

Џејлен Инграм со 18 поени беше најпрецизен кај Гостивар, додека одлично одиграа и Максим Митевски со 15 поени и 11 скока односно Кристофер Остин со 15 поени и 10 скока. Андреј Маслинко со 18 поени беше најпрецизен кај Пелистер.

Претходно во воведната рунда, Работнички го совлада ТФТ, Чаир 2030 беше подобар од Феникс, МЗТ Скопје како гостин го преслуша Кожув, а Вардар го доби „второлигашкото“ дерби со ГКК Охрид. Последниот меч од првото коло се игра в среда помеѓу Академија ФМП и Еуро Никел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АПЕЛ ОД „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“: Граѓаните да не го користат

23/06/2026
Македонија

ЧАВУШОГЛУ ОД СКОПЈЕ: Нечуено е ЕУ да бара од Македонците

23/06/2026
Македонија

Мицкоски ги информирал партнерите во НАТО: Со протекување на дипломатска

23/06/2026
Македонија

ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД: Скопскиот затвор ја зајакнува безбедноста со четири

23/06/2026
Македонија

Јаневска: Земјоделското училиште во Битола остана со само три запишани

23/06/2026
Македонија

Мицкоски и Ѓорѓиевски се простуваат од градоначалникот на општина Брвеница,

23/06/2026
Македонија

Силно невреме во Неготино и Демир Капија, се движи кон

23/06/2026
Македонија

Заврши првата сезона од „Ноќно студио“

23/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43907
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АПЕЛ ОД „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“: Граѓаните да не го користат канализациониот систем како депонија

23/06/2026

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје упати итен апел до жителите на главниот град за одговорно и совесно однесување

ЧАВУШОГЛУ ОД СКОПЈЕ: Нечуено е ЕУ да бара од Македонците да прифатат дека не се

23/06/2026

Дополнителните условувања наметнати врз Македонија надвор од преговарачките поглавја се нефер, сурови и спротивни на основните европски вредности. Ова на

Мицкоски ги информирал партнерите во НАТО: Со протекување на дипломатска нота во Бугарија, загрозена е

23/06/2026

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ги информирал партнерите во НАТО за сериозен дипломатски преседан во Бугарија, откако на социјалните мрежи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy