Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ – Регулаторот определи нови повисоки цени и за бензините и за дизелот
Економија

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ – Регулаторот определи нови повисоки цени и за бензините и за дизелот

10/04/2023

AA

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во однос на последната одлука.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,946 отсто, кај дизелот за 4,784 проценти, кај екстра лесното масло за 4,793 отсто и кај мазутот има зголемување за 1,892 проценти. 

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,224 отсто – наведуваат во соопштението од РКЕ.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар за литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,505 денари за килограм.

Од 11.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95                            84,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98                            87,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                           74,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        73,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                      41,079 (денари/килограм)

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.4.2023 година. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy