Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМИОТ РИВАЛ НА ЗАРА OТВОРА 500 НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Шпанската компанија се проширува на клучните пазари во светот
Економија

ГОЛЕМИОТ РИВАЛ НА ЗАРА OТВОРА 500 НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Шпанската компанија се проширува на клучните пазари во светот

21/12/2023

AA

Шпанската модна компанија Манго планира да отвори 500 нови
продавници до 2026 година.

Планирани се нови продавници на клучните пазари како што се
САД, Канада, Франција, Италија, Обединетото Кралство и Индија и во нејзината
матична земја, соопшти компанијата вчера средата, предвидувајќи скок во продажбата оваа година.

Ривалот на шпанскиот Индитекс, сопственикот на Зара, најави
дека оваа година ќе ја заврши
со приходи кои се зголемени за 12 отсто во однос на 2022 година, на над три
милијарди евра, со поддршка на влезот на брендот Манго за прв пат во американските држави Тексас, Џорџија
и Калифорнија.

Проширувањето, дел од тригодишниот стратешки план што треба
да биде претставен во март, следи по неговото враќање во САД, по два неуспешни
обиди, каде што планира да го удвои бројот на продавници на 40 до следната
година.

Годинава Манго отвори 130 нови продавници и реновира уште
80, а сега има околу 2.700 продажни места на вкупно 115 пазари во светот.

Покрај тоа, семејната компанија соопшти дека ќе назначи уште
четири независни членови во одборот на директори, вклучувајќи го Марко Пуиг,
претседател на шпанската козметичка групација Пуиг, сопственик на брендови како
што се Каролина Херера, Пако Рабан и Шарлот Тилбери. Пуиг, чија компанија
размислува за првична јавна понуда, не презема удел во Манго, основана пред 40
години во Барселона од Исак Андиќ, кој моментално е неизвршен претседател.

Манго од март ќе го прошири одборот на директори на девет
членови за да го зајакне своето корпоративно управување, се вели во
соопштението.

Исто така, Манго објави дека нејзиниот извршен директор Тони
Руиз стана акционер откако купи пет отсто од акциите во компанијата.

фото:EPA-EFE/Alejandro Garcia

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy