
ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО ТУРЦИЈА, ИМА И ЖРТВИ: Метеоролозите велат ќе има ново невреме
Поројните дождови
во регионот на Црното Море во Турција предизвикаа поплави и лизгање на
земјиштето, а едно лице загина во северната турска провинција Самсун, изјави
денеска министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу. Неколку патишта беа
затворени поради лизгање на земјиштето, додаде тој, според државната новинска
агенција Анадолу.
Црноморскиот регион е
постојано изложен на поплави
Во провинцијата Болу е закопан излезот од тунелот. На
снимката се гледаат багери кои се обидуваат да го исчистат патот.
Метеоролошката служба предупреди и на ново невреме во регионот на Црното Море.
Црноморскиот регион е постојано изложен на големи поплави.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека
екстремните временски услови се последица на климатската криза. „За жал, како и
остатокот од светот, нашата земја се повеќе ги чувствува проблемите
предизвикани од климатските промени“, рече Ердоган во Истанбул.
ФОТО: EPA-EFE/IBRAHIM YOZOGLU

