
ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА – ТЕШКО УТРО ВО БЕЛГРАД: Осумгодишно дете пронајдено мртво
Дете (8) било пронајдено без знаци на живот во куќа во Белград.
Екипата за итна помош се обидела да го реанимира, но сите обиди биле неуспешни.
По неколку минути била констатирана смрт. Се сомневаат дека детето го изневерило срцето.
Телото е испратено на обдукција.
Како што дознава Танјуг, во 19:20 часот било пријавено дека на улицата „Вук Врчевица“ во Белград има починато дете (2015).
Белградските медиуми јавуваат дека детето кое починало било болно, но се уште не е сигурно која е точната причина за смртта. Се додава и дека живеело во Карабурми, во семејна куќа, а познато е дека потекнува од семејство со 11 деца.

