Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГОЛЕМА СТУДИЈА ЗА РАБОТЕЊЕТО ОД ДОМА – РАБОТАТ ВО ПИЖАМИ: На работодавците им пречи и неуредна и неизмина коса
Економија

ГОЛЕМА СТУДИЈА ЗА РАБОТЕЊЕТО ОД ДОМА – РАБОТАТ ВО ПИЖАМИ: На работодавците им пречи и неуредна и неизмина коса

27/11/2023

AA

Големо
истражување спроведено во Велика Британија, а кое се однесува на работењето од
дома открива дека една третина од вработените Британци признале дека се постојано во пижами додека работеле
од дома.

Фирмата за вработување Indeed анкетираше повеќе од 1.000
вработени и 500 работодавци во Британија
и откри дека 33 отсто од работниците кои работат од дома се облечени во
пижами.

Во просек, вработените носат пижами 46 работни дена во
годината, а секој дванаесет е во пижами секој ден.

Речиси половина од интервјуираните шефови изјавиле дека
сметаат дека вработените станале премногу опуштени по пандемијата на
коронавирус токму поради работата од дома, па 29 отсто од нив се за построги
правила кога станува збор за облекувањето.

Работодавците ги сметаат пижамите за најнесоодветна облека без разлика дали се работи дома или не, а
потоа неизмиената коса или неуредната фризура, а 44 отсто од нив сметаат дека
вработените не треба да носат ниту долен дел од тренерка.

Четириесет проценти од работодавците сметаат дека патиките
се несоодветни обувки за работа, иако речиси две третини од вработените луѓе ги носат кога одат на
работа.

Друго истражување спроведено во исто време покажа дека
генерацијата Z, оние на возраст меѓу 18 и 26 години, се облекуваат најпаметно,
односно 42 отсто од нив носат костуми во споредба со само 15 отсто од оние над 35 години кои се
облекуваат така.

Повеќе од половина или 53 отсто од работниците признале дека
додека учествуваат на видео состаноци од дома носат помалку атрактивна облека
на долниот дел од телото, што не се гледа на екранот.

Анкетите за Indeed Censuswide беа спроведени во периодот од
24 до 30 октомври годинава.

Едниот вклучува 1.035 вработени во Велика Британија, а
другиот вклучува 500 носители на одлуки во компанијата.

ФОТО: Unsplash/Ave Calvar

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42397
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики до актуелната власт,

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy