
Голема антиканабис акција во Албанија со 6.000 полицајци и 75 дронови
Епилогот од мега операција против канабис што ја спроведе Албанија изминатиот период е уништени 20.897 стебла. Ангажирани беа 6 илјади полицајци со 75 дронови. Растенијата канабис сатива се уништени во последните 72 часа во полициската мега-операција против канабис со шифра „ФОКУС“ во околината на Скадар, Круја, Лежа и Тропоја.
За време на оваа мега-операција, 6.000 полицајци и 75 висококвалитетни беспилотни летала беа посветени на контрола на територијата и уништување на наркотични растенија, според албанското МВР.
Идентификувани се 11 сторители, од кои 1 е приведен на дело, а по 10 е прогласена потрага.
„Со цел уништување на секое култивирано растение канабис сатива, Државната полиција дополнително ќе ги засили контролите низ целата земја, тесно соработувајќи со граѓаните и другите агенции за спроведување на законот за да добие информации за обиди за одгледување на наркотични растенија“, објави албанското МВР.