Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Голем ракетен напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони
Македонија

Голем ракетен напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

15/01/2025

AA

Украинските власти прогласија воздушна тревога низ целата земја во средата наутро поради крстосувачки ракети кои се закануваат на делови од територијата, еден ден по големиот напад на украинските сили врз неколку руски региони.

На својот профил на Телеграм, воздухопловните сили зборуваат за проектилите истрелани врз градот Криви Рих, родното место на претседателот Володимир Зеленски, во централна Украина, како и во регионите Чернихив (север), Полтава (центар) и Миловаев (југ), пренесува N1 Хрватска.

Истиот извор додаде дека е откриена и „група крстосувачки ракети“ насочени кон Киев.

Речиси три години по почетокот на рускиот напад, Киев и Москва ги засилија нападите во последните месеци и се обидуваат да ги подобрат своите позиции пред Доналд Трамп да се врати во Белата куќа следниот понеделник.

Новоизбраниот американски претседател рече дека сака да работи на завршување на војната веднаш штом ќе ја преземе функцијата.

Украина објави дека во понеделникот вечерта го извршила „најмасовниот“ напад од оваа војна врз воени и индустриски капацитети во неколку региони на Русија.

Според руското Министерство за одбрана, нападот бил извршен со помош на шест американски ракети ATACMS и шест британски ракети Storm Shadow.

Министерството соопшти дека сите ракети биле соборени без жртви.

Украинската електроенергетска компанија исто така објави дека во шест региони е спроведен итен прекин на електричната енергија поради „масовниот“ руски ракетен напад.

Во соопштението, Укренерго наведува дека прекини на електрична енергија биле спроведени во регионите Харков, Суми, Полтава, Запорожје, Днепропетровск и Кировоград.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители:

17/02/2026
Македонија

„НE СМЕ БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ“ Костадиновски смета дека „Сејф сити“ има

17/02/2026
Македонија

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот

17/02/2026
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
Македонија

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА

17/02/2026
Македонија

Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во

17/02/2026
Македонија

Врснично насилство во Виница: 15 годишно дете истепано во училиште

17/02/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕИЗВЕСНОСТА: 18.000 вработени во основното образование добија јануарска

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41579
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Иран негираше напад врз Израел по почетокот на прекинот на огнот

24/06/2025

Иранската државна телевизија денес негираше дека земјата испалила ракети кон Израел само неколку часа откако договореното примирје требало да стапи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy