Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го празнуваме Свети Никита Исповедник
Македонија

Го празнуваме Свети Никита Исповедник

16/04/2024

AA

Роден е во Витинија, во градот Кесарија. Неговиот татко, Филарет, штом се лиши од својата сопруга се замонаши и Никита остана кај баба му, мајката на татко му.

Откако порасна и заврши со изучувањето на науките појде во Мидикискиот манастир, каде што игуменот Никифор го потстрижа за монах, а по седум години подвиг патријархот Тарасиј го ракоположи за јеромонах.

По смртта на Никифор и на Никитиниот верен другар Атанасиј, братството го избра Никита за игумен, а тој тоа го прими наспроти својата волја.

Свети Никита им беше светол пример за живот и подвиг на браќата цела низа години. Но кога се зацари царот Лав V Ерменин, после благочестивата Ирина и правоверните цареви Никифор и Михаил, иконоборната ерес повторно се распали. Царот го симна патријархот Никифор и го испрати во прогонство, а на негово место го воздигна еретикот Теодот Каситер, човек со нечист живот.

Беше затворен и мачен и Никита, но тој не се поколеба во Православието. Го носеа од затвор во затвор, го мачеа со глад и со жед, со мраз и со пот и подбив. Но, не можеа да го расколебаат. Особено му здодеваше еден Никола со потсмеви и навреди. Една ноќ на Никола му се јави неговиот покоен татко во сон и прекорно му рече: „Отстапи од Божјиот слуга!“

Од тој миг Никола се покаја и не само што повеќе не му здодеваше на светителот туку и другите ги одвраќаше да не му здодеваат. Кога царот Лав Ерменин загина со зла смрт, царството го презеде царот Михаил Валвос, а тој ги ослободи православните страдалници.

Никита се повлече во едно осамено место близу Цариград, каде последните денови од неговиот земен живот ги помина во молитва и благодарење. Кога умре, телото му го пренесоа во неговиот манастир.

При оваа поворка мнозина болни коишто се допреа до неговото тело се исцелија.

Моштите му беа положени до гробниците на неговиот духовен отец Никифор и другар му Атанасиј. Овој голем јерарх се упокои во Господ во 824 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА КИСНЕ НА ИНТЕРНЕТ Речиси девет од десет граѓани

16/10/2026
Македонија

ГЕРАСИМОВСКИ ИМА МИСИЈА ДА ГО ОБЕДИНИ СДСМ Ќе најдат ли

16/10/2026
Македонија

ПОЛИТИКА СЕ КРИЕ ЗАД СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Бугарски политичари и

15/10/2026
Македонија

БРЗАТА ПРУГА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОД ПРОЛЕТ, ВО ЈАНУАРИ ЌЕ

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР Државата

15/10/2026
Македонија

ДА СОЗДАДЕМЕ СО КОМПАНИИ ШТО ЌЕ ГО ОСВОЈАТ СВЕТСКИОТ ПАЗАР

15/10/2026
Македонија

ДОЖД ВО ГРАДОВИТЕ, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ За викенд сончево и

15/10/2026
Македонија

ВО СЕКОЈА ПРИСТОЈНА ДЕМОКРАТИЈА ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ИЗБОРИ Ако побара СДСМ,

15/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46197
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифаќаат прекинот на огнот

24/06/2025

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел

Катар го осуди иранскиот ракетен напад врз американска база

23/06/2025

Катар остро го осуди иранскиот ракетен напад врз американската воздухопловна база Ал-Удеид, оценувајќи го како груби кршење на суверенитетот и

Трамп: Ако режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не се

23/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако сегашниот режим во Иран не е во можност „да го направи Иран повторно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy