Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го празнуваме Преподобен Атанасиј Атонски: Обичајот налага сите садови да бидат цврсто затворени
Македонија

Го празнуваме Преподобен Атанасиј Атонски: Обичајот налага сите садови да бидат цврсто затворени

18/07/2023

AA

Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, а по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен.

Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин.

Желен за потесен подвиг, се пресели на Света Гора заради безмолвие. Но, околу него почнаа да се собираат мнозина ревнители кон подвижничкиот живот и тој беше принуден да ја соѕида својата славна Лавра. Во тоа изобилно му помагаа византиските цареви, најпрво Никифор Фока којшто и самиот сакаше да се замонаши и да се повлече, а потоа Јован Цимисхиј.

На свети Атанасиј навалуваа многубројни искушенија и од демоните и од луѓето, но тој како храбар Христов војник одолеваше на сè и со својата неизмерна кроткост и непрестајна молитва кон живиот Бог сите ги победуваше. Полн со Божја благодат, се удостои да ја види Пресвета Богородица, Којашто чудесно низведе вода од карпа и му вети дека секогаш ќе биде Икономиса (Игуманија) на манастирот. Атанасиј предничеше пред своите браќа и во работата и во молитвата и сите ги љубеше со љубов на пастир и духовен отец.

Смртта му дојде ненадејно. Еднаш со шестмина монаси се искачи над една новоизградена црквена припрата да го прегледа ѕидот што се ѕидаше тогаш, но ѕидот се урна и сите ги затрупа. Така заврши овој голем светилник на монаштвото, во 980 година. По смртта повеќепати им се јавуваше на своите собраќа за да ги утеши или укори.

Во нашите краишта народот свети Атанасиј го смета за еден од заштитниците од катастрофи и невреме.

На југот до денес е зачувана приказна за тоа како ѓаволот го искушувал овој монах преправајќи се во најубавата девојка која го искушувала да се одрече од Бога и да и се придружи во обожавањето на несветите.

Свети Атанасиј ја видел оваа измама и ја замолил девојката да му ја покаже ѓаволската моќ скокајќи во мала тегла. Таа го сторила тоа, а монахот веднаш ја затворил и ја фрлил во морето.

Легендата вели дека теглата лебдела со години, додека не ја пронашле рибарите кои ја отвориле. Така ѓаволот повторно излегол и денес талка по светот искушувајќи и расипувајќи ги луѓето. Поради ова, старите велат дека штом грми, ѓаволот мисли дека доаѓа свети Атанасиј, се плаши и веднаш скока во садовите. Затоа е важно на овој ден сите садови да бидат цврсто затворени.

Во некои краишта, го слават и мелничарите кои не работат бидејќи веруваат дека на овој ден ѓаволите демнат во изворите, па ни водениците денеска нема да работат добро.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy