
Го начекале наутро на раскрсница, па го однеле и тепале во куќа, а потоа го натерале да им препише стан на нотар!
На 28.06.2023 во 11.45 часот во СВР Скопје, Џ.Б.(46) пријавил дека околу 07.00 часот, на раскрсница од ул. „Никола Карев“ со ул.„Македонско-косовска бригада“ неколку лица од кои едното го познавал, со закана го однеле во куќа на подрачјето на Бит Пазар, по што физички го нападнале, а потоа го натерале на нотар да потпише договор за да препише негов стан на едно од лицата.
Според пријавеното, причина биле нерасчистени должничко-доверителски односи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
