Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Го кренавме извозот за 20 отсто и пак сме „во була“ од 3,8 милијарди евра!
Економија

Го кренавме извозот за 20 отсто и пак сме „во була“ од 3,8 милијарди евра!

10/02/2023

AA

Увозот на енергенси е главен катализатор на
трговскиот дефицит кој е сериозен предизвик за одржување на девизниот курс на
денарот. И го притиска како никогаш досега. Нето увозот на фосилни горива
изнесува 1,77 милијарди евра и за него немаме замена. Само тој креира речиси
половина од целиот трговски дефицит. Заради галопирачките цени на берзните во
споредба со 2021 година пораснал за 900 милиони евра!

Најновиот статистички извештај за
националната трговска размена покажува солиден раст на извозот, но кога ќе се
види тежината на увозот на горива излегува дека ова е пирова победа.

Збирните податоци достапни на државниот Завод
за статистика, кому во овој случај јавно му честитаме за ажурноста во
објавувањето на годишни податоци, покажува дека „крвната слика“ на македонската
економија покажува сериозни нарушувања предизвикани од галопирачките цени на
нафтените деривати лани на европските и на глобалните берзи. Нашата економија
страда од дијагноза „нафтопедија“.

Токму таа „нафтопедија“ го анулира прогресот
на извозот кој е очигледен и е за поздравување во пост-кризна година како што
беше 2022.

Нето увозот на горива изнесува 1,77 милијарди
евра. Само за споредба за нештата да станат јасни ќе ги ставиме во рамка. Во
споредба со 2021 година нето увозот на нафтени деривати е зголемен за
двојно. 
Тогаш бил помалку од 900 милиони евра, а лани е поголем за
речиси 900 милиони евра и достигна 1,77 милијарди евра.

Тоа директно влијае и на дупката во
трговската размена на Македонија со светот. Таа лани изнесува 20,4 милијарди
евра. Од тоа увоз е 12,12 милијарди евра и тој во најголема
мерка благодарејќи на цените на фосилините горива е зголемен за 26 отсто. Извозот
лани вреди 8,3 милијарди евра и е зголемен за 20 отсто.

Поразително е тоа што увозот на
горива е трета најголема ставка. 
Аналитички гледано всушност е најголема
увозна ставка. 
Затоа што поголеми се само увозот на стоки класирани
според материјал што значи стоки за широка потрошувачка. А речиси на исто ниво
се увозот на горива со целиот увоз на машини, возила и транспортни средства.

Повеќе детали на извештајот на ДЗС достапен
на следниот линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2023/7.1.23.02_mk.pdf

Р. Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy