
Гласањето тече без проблеми, се гласа во 14 затвори низ Македонија
Државната изборна комисија соопшти дека гласањето за претседателските избори во 14-те казнено – поправни установи во земјава до овој момент се одвива без проблеми.
На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи.
Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето тече без проблеми.
Денеска, 2.569 гласачи своето право на глас ќе можат да го остварат во 31 гласачко место во ДКП каде што се пријавиле да гласаат, а чии што пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија.
