Гир вели неприфатливи се изјавите на Џамбаски: Не ги одразуваат вредностите на ЕУ
Евроамбасадорот Дејвид Гир ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот европратеникот Ангел Џамбаски и истакна дека таквите изјави се неприфатливи и не ги одразуваат вредностите на ЕУ.
Во врска со ијавите на Џамбаски за територијални претензии, евроамбасадорот Гир потсети дека и Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Тој нагласува дека таквите тврдења не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ.
За вчерашната зборови на Џамбаски поврзана со претседателот Пендаровски, кои може да се протолкуваат како закана, амбасадорот Гир нагласува дека тоа апсолутно не ја претставува позицијата на ЕУ. Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава.