
ГИ СПОМЕНУВАШЕ ХРВАТСКА И ВОЈВОДИНА, СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ УБИЕ СИТЕ ВО РУМА: Српската полиција уапси 41 годишен маж
Во Србија е уапсен човек се заканил дека „ќе земе пушка и ќе ги убие сите жители на Рума“. Заканата ја упатил на социјалните мрежи.
Полицијата го уапси Д.Ј.(41) по основи на постоење осомничен за сторено кривично дело предизвикување паника и неред. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство. Toj напишал дека ја сакаат Војводина како држава.

Српската полиција деновиве уапси повеќе лица кои се заканувале со убиства, откако имаше два масакри, во Белград и Младеновац.
фото принтскрин муп.рс
