
Ги шокираше ривалите: Стартуваше како 34-ти, па победи во првиот спуст сезонава (ВИДЕО)
Тој патеката ја мина за 1:23,80 минути со што стигна до вториот триумф во Светскиот куп, пет години по првиот исто така во Вал Гардена. Бенет за три стотинки беше побрз од Норвежанецпт Александер Амот Килде, а за пет стотинки од Швајцарецот Марко Одермат.
Водечки во генералниот пласман во СК се Одермат и Австриецот Марко Шварц со по 160 бодови, а зад нив е Мануел Фелкер од Австрија со 124. Утре во Вал Гардена ќе се вози супер-велеслалом, а в сабота на програмата е уште еден спуст. Трките во женска конкуренција се в сабота и в недела во Вал д’Изер, Франција и тоа прво спуст, па потоа супер-велеслалом.

