Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНСКИ ИНСТИТУТ РЕГИСТРИРА НАМАЛЕНИ НАРАЧКИ: Кои индустрии се најпогодени?
Економија

ГЕРМАНСКИ ИНСТИТУТ РЕГИСТРИРА НАМАЛЕНИ НАРАЧКИ: Кои индустрии се најпогодени?

27/05/2025

AA

Речиси 40 проценти од германските компании се жалат на недостиг на работа. 

Германскиот институт за економски истражувања IFO во Минхен објави дека во април, 37,3 проценти од компаниите пријавиле недостаток на нарачки, што е намалување во споредба со 40,2 проценти во јануари. 

Како што е наведено во извештајот, во германската машинска индустрија овој удел е сè уште висок и изнесува околу 43 проценти. Недостатокот на нарачки останува широко распространет во трговијата на големо и мало. Во трговијата на големо, малку повеќе од 61 процент, а во малопродажбата, околу 50 проценти од компаниите пријавиле недостаток на нарачки.

„И покрај малото подобрување, ова сè уште не е одржливо закрепнување“, коментираше директорот за истражување на IFO, Клаус Волрабе.

Во услужниот сектор, уделот на компаниите кои се жалат на недостаток на нарачки малку се зголеми од 31,2 на 32,2 проценти, а овој проблем е значително присутен во угостителската индустрија и кај давателите на ИТ услуги.

Советот на економски експерти предвидуваше стагнација на германската економија. Царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп беа наведени како фактор кој носи ризик. 

Но, Трамп вчера изјави дека се согласил да ја одложи царината од 50 отсто на увозот на производи од Европската унија до 9 јули.

foto freepik.com/weyo

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026
Македонија

Помошник директор во Царина затекнат при примање обележани 17.500 евра

10/09/2026
Македонија

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени

10/09/2026
Македонија

Вардар казнет со 3.000 евра и еден меч без публика

10/09/2026
Македонија

12 возачи приведени за безобѕирно управување, 11 немале положено возачки

10/09/2026
Македонија

Андреј Цековски го освои Њујорк: Златен медал и пехар за

10/09/2026
Македонија

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и

10/09/2026
Македонија

По 11 години ажурирана листата на есенцијални лекови – додадени

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45616
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 18:00 часот На ден 10.09.2026 година, до 18:00

Помошник директор во Царина затекнат при примање обележани 17.500 евра

10/09/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени остатоци од пестициди

10/09/2026

Пратка од речиси 9,5 тони пиперки од Македонија е запрена на бугарскиот пазар поради утврдени зголемени остатоци од пестициди. Бугарската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy