Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРМАНСКИ ИНСТИТУТ РЕГИСТРИРА НАМАЛЕНИ НАРАЧКИ: Кои индустрии се најпогодени?
Економија

ГЕРМАНСКИ ИНСТИТУТ РЕГИСТРИРА НАМАЛЕНИ НАРАЧКИ: Кои индустрии се најпогодени?

27/05/2025

AA

Речиси 40 проценти од германските компании се жалат на недостиг на работа. 

Германскиот институт за економски истражувања IFO во Минхен објави дека во април, 37,3 проценти од компаниите пријавиле недостаток на нарачки, што е намалување во споредба со 40,2 проценти во јануари. 

Како што е наведено во извештајот, во германската машинска индустрија овој удел е сè уште висок и изнесува околу 43 проценти. Недостатокот на нарачки останува широко распространет во трговијата на големо и мало. Во трговијата на големо, малку повеќе од 61 процент, а во малопродажбата, околу 50 проценти од компаниите пријавиле недостаток на нарачки.

„И покрај малото подобрување, ова сè уште не е одржливо закрепнување“, коментираше директорот за истражување на IFO, Клаус Волрабе.

Во услужниот сектор, уделот на компаниите кои се жалат на недостаток на нарачки малку се зголеми од 31,2 на 32,2 проценти, а овој проблем е значително присутен во угостителската индустрија и кај давателите на ИТ услуги.

Советот на економски експерти предвидуваше стагнација на германската економија. Царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп беа наведени како фактор кој носи ризик. 

Но, Трамп вчера изјави дека се согласил да ја одложи царината од 50 отсто на увозот на производи од Европската унија до 9 јули.

foto freepik.com/weyo

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ УЧИ ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ОД МАЛИ НОЗЕ Новина во

12/02/2026
Македонија

Кривични пријави за поранешен директор на „Водовод“ Кочани и тројца

12/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетничка фатена зад волан

12/02/2026
Македонија

Директорот на ЈП Водовод – Струга поднесе оставка – пет

12/02/2026
Македонија

Филков му возврати на Касами: „Кога ќе бидеш премиер, тогаш

12/02/2026
Македонија

Автомобил излетал од коловозот во тетовско, повредено 17-годишно девојче

12/02/2026
Македонија

Опожарени три возила во Скопје – едно лице повредено

12/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ТРЕНДАФИЛОВ Лидерот на

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41380
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ УЧИ ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО ОД МАЛИ НОЗЕ Новина во предметот Гаѓанско образование

12/02/2026

Во основните школи, во осмо и деветто одделение, ќе се изучува истражувачко новинарство по предметот Граѓанско образование, кој треба да

Кривични пријави за поранешен директор на „Водовод“ Кочани и тројца вработени

12/02/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделение за внатрешни работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против

15 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетничка фатена зад волан без дозвола

12/02/2026

Вкупно 15 возачи биле приведени вчера низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот – возење без возачка дозвола, управување со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy