
ГЕРМАНИЈА ГИ ЗАОСТРУВА УСЛОВИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ – ќе се укинува надоместокот доколку некој одбие работа
Во документот на работната група „Труд и социјала“ се планира голема промена во однос на граѓанскиот додаток (Бургергелд).
Според плановите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и СПД, не само што треба да се смени името, туку и условите за добивање помош да бидат значително построги. „Го трансформираме сегашниот систем на граѓански додаток во ново основно социјално осигурување за барателите на работа“, се наведува во документот, според извештајот на весникот „Билд“.
Понатаму се наведува дека од секој невработен во иднина ќе се бара активно да се труди сам да најде работа. Целта е вработените во агенцијата за вработување повеќе да не треба да „трчаат“ по корисниците, туку едноставно да им понудат „лично советување, поддршка и посредување при вработување“.
„За лицата кои се способни за работа и кои постојано одбиваат прифатлива работа, бенефитот целосно ќе биде укинат“, се наведува понатаму во документот. Но, предупредувањето веднаш следува: „При заострување на санкциите, ќе ги почитуваме одлуките на Сојузниот уставен суд“.
Друга важна промена се однесува на личната сопственост на корисникот – таа отсега па натаму ќе мора да се користи веднаш, без никаков преоден период (т.н. Karenzzet). Планирано е и канцелариите за невработени да добијат пристап до сите важни податоци за невработените, пишува магазинот Феникс.
Пословни.хр