Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ ТЕНЗИИ НАМЕТНУВААТ РИЗИЦИ ЗА ТЕКОТ НА ЕКОНОМСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА: Еве што кажа гувернерката на Народна банка на конференција на ЕЦБ
Економија

ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ ТЕНЗИИ НАМЕТНУВААТ РИЗИЦИ ЗА ТЕКОТ НА ЕКОНОМСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА: Еве што кажа гувернерката на Народна банка на конференција на ЕЦБ

19/07/2023

AA

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на 9. конференција на Европската централна банка на тема „Менување на геополитичкиот пејзаж ‒ економски последици за Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ)“, којшто го отвори претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Станува збор за настан од висок профил на кој учествуваат челниците на ЕЦБ, како и гувернерите на централните банки на земјите од ЦИЈИЕ.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на овогодинешната конференција посочи дека по глобалната економска криза процесот на доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан забави во голема мера како резултат на структурните пречки поврзани со фундаменталните фактори на растот – човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста. „Симулациите покажуваат дека доколку продолжиме со истата релативна брзина на растот како досега, ќе ни требаат околу 40 години да го достигнеме просечното ниво на доход во ЕУ. Ризикот од геокономска фрагментација, доколку не е соодветно следен, може дополнително да ја забави конвергенцијата. За малите и отворени економии како нашата, коишто треба да ги надминат структурните пречки за раст, потребна е посилна глобална интеграција, а не дезинтеграција“, истакна гувернерката. Таа посочи и на одредени анализи, коишто покажуваат дека повисоката интеграција во глобалните синџири на вредност може да придонесе за повисоко ниво на бруто домашниот производ за 3% до 10% кај земјите од Западен Балкан.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска учествуваше со излагање во рамките на панел-дискусијата којашто ја водеше Франк Елдерсон, член на Извршниот одбор на ЕЦБ, а учествуваа и главниот економист на ЕБРД, главниот економист на Светската банка за Европа и Централна Азија и гувернерите на централните банки на Хрватска и Албанија.

Во своето излагање, гувернерката се осврна на досегашните придобивки од интеграцијата на регионот, вклучително и на македонската економија, во глобалните трговски и финансиски текови. Во изминатите две декади, трговската отвореност на регионот значително се зголеми, а особено на македонската економија којашто достигна околу 160% од БДП. Паралелено со трговската, се зголеми и финансиската интеграција којашто достигна околу 200% од БДП. Овие два паралелни процеса придонесоа за пораст на конвергенцијата, којашто од околу 20% се зголеми на 40% од БДП.

„Сепак, неодамнешните засилени геополитички тензии наметнуваат сериозни ризици за натамошниот тек на глобалната економска интеграција, со можни последици во повеќе области, вклучувајќи ги трговијата, финансиите, глобалните синџири на вредности и целокупниот процес на економска конвергенција. Притоа, во случај на фрагментација на глобалната економија, трошоците би можеле да бидат високи, особено за малите отворени економии во развој, одразувајќи се со повисоки увозни цени, помали и сегментирани пазари, намален пристап до технологии и работна сила и севкупно, намалена продуктивност и стандард на живеење. Но, колку ќе бидат погодени земјите ќе зависи, меѓу другото, и од напорите на носителите на политиките за справување со ризиците, особено во поглед на искористувањето на можностите од евентуалниот процес на преместување на производството на мултинационалните компании на поблиски локации, што би било од интерес за земјите од Западен Балкан, коишто имаат географска и културна блискост со земјите од Западна Европа. Активна и многу важна улога во овој процес, но и поопшто, за справување се структурните предизвици, може да имаат и меѓународните и европските институции преку нивната поддршка на земјите од регионот, коишто сѐ уште немаат пристап до структурните и инвестициски фондови на ЕУ“, порача Ангеловска-Бежоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026

Сѐ додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy