Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гасниот терминал во Александрополис не работи, ние и натаму плаќаме 300.000 евра месечно за закуп
Економија

Гасниот терминал во Александрополис не работи, ние и натаму плаќаме 300.000 евра месечно за закуп

02/06/2025

AA

Иако земјата е негасифицирана и не е изграден гасоводниот интерконектор со Грција, ЕСМ за минатата година платил повеќе од 3 милиони евра за годишен закуп на капацитет во новиот терминал во грчки Александрополис. 

Иако гас од таму не користиме, од ЕСМ велат дека поради непромислен потег на претходната власт, направен е дополнително висок трошок во и онака лошата година на работење на компанијата, која претходната 2024 ја заврши со неверојатна загуба од 123 милиони евра.

Овој трошок за закуп на преносни капацитети за пренос на природен гас од ЕСМ во годишниот финансиски извештај за 2024 изнесува 192.127..000 денари, а месечните трошоци ги плаќаме и оваа година на сметката на операторот „Гастрејд“. Од ЕСМ, на прашање на „Фактор“, потврдуваат дека месечните фактури се плаќаат тековно.

– Претходната Влада како покровител на потпишаните Меморандуми за
ЛНГ терминалот и за гасната електрана Александрополис, влегува без претходна
стратегија и разработен бизнис план. Во
моментов, АД ЕСМ во проектот Александрополис има закупено само капацитет од
1,8TWh годишно  односно 4,95GWh/ден, за
период од 15 години.

Прво и основно, во земјава сè уште нема гасна
инфраструктура. Единствената интерконективна точка од која може да се донесе
природен гас во земјава Ќустендил- Жидилово, Република Бугарија, е со ограничен
расположлив капацитет од околу 5,1 GWh дневно, и притоа е изложен на огромна
конкуренција.

Исто така, поранешното раководство на АД ЕСМ преку ЕСМ
Продажба закупило само половичен преносен капацитет за гасната година 2023-2024
во износ од три милиони евра, но  без
можност за влез на гасот во Македонија, затоа што интерконективната точка
Ќустендил – Жидилово, не била закупена за оваа година. Токму затоа, домашната компанија само по оваа
основа прикажа загуба од околу три милиони евра за 2024 година.

Согласно известувањето на GASTRADE објавено на нивната
интернет страна (официјално известување во АД ЕСМ не е добиено), терминалот не
работи од 28.01.2025. Официјален датум кога би започнал повторно со работа се уште нема. Досега за
периодот од октомври до март платени се над 1,5 милиони евра.

Без разлика што терминалот не работи, согласно
условите од договорот, АД ЕСМ плаќа закуп. Фактурите за месец февруари и март,
иако терминалот не работи, се платени кон GASTRADE, ни рекоа од ЕСМ.

Од таму додаваат дека државните електрани ќе ги преземат неопходните чекори за да биде привремено замрзната оваа пазарно нелогична обврска. Сепак, доколку уделот на ЕСМ биде даден како подзакуп на друг оператор, одговорностите остануваат и понатаму на товар на државните електрани, поради што овој потег би бил ризичен и неприменлив.

„АД ЕСМ заедно со останатите закупци, интезивно работи
на промена на договорот и правилата за користење на капацитетот. Доколку
Операторот продолжи и понатаму со нефлексибилност и бескомпромисност – АД ЕСМ и
останатите закупци се спремни проблемот да го истакнат до Регулаторната
комисија на Грција и до Министерството за енергетика на Грција, како и до
кредиторите на проектот Александрополис“, гласи одговорот кој го добивме од ЕСМ.

Поголема вклученост во наредниот период се очекува и од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во решавањето на овој проблем. Здружението „Инженери на Република Македонија“ (ИНРМ) пред две недели поднесе претставка до Владата и Јавното обвинителство за постоење сериозни индиции за штетен и противзаконски договор за закуп на гасен капацитет од терминалот во Александрополис, Грција. Во претставката се бара поништување на договорот и покренување на истражна постапка за одговорност. Опозицисски партии реагираа дека одговорноста е и на страна на актуелната власт, која како што рекоа, треба да најде начин да го прекине редовното плаќање од 300.000 евра месечни за овој „клиентелистички проект“.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
Македонија

РЕСТАРТ НА МКЦ Е УСЛОВ ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА СКОПСКАТА УРБАНА

07/11/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ За

07/11/2026
Македонија

СДСМ ВРШИ САБОТАЖА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА Филипче намерно создава хаос,

07/11/2026
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46646
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за успешни реформи

07/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија, ама граѓаните ја препознаваат стабилноста

07/11/2026

Венко Филипче и партнерите од СДСМ треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата, рече денеска пратеникот

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА ПОБЕЗБЕДНИ УСЛУГИ Европската оценка за

07/11/2026

Заклучокот на Европската комсија за „добар напредок“ и подигнато ниво на подготвеност во областа на дигиталната трансформација е заначаен резултат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy