Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гаревски за опасноста од земјотреси “Градбите кои се изградени во нашата земја по 2014 година се посигурни  “
Македонија

Гаревски за опасноста од земјотреси “Градбите кои се изградени во нашата земја по 2014 година се посигурни “

08/02/2023

AA

Градбите кои се изградени во нашата земја по 2014 година се посигурни бидејќи се градат според нови законски одредби кои бараат придржување кон построги правила за градба, и кои се контролирани за отпорност при потреси. Ова го истакна Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни гради и климатски промени (ИСОГКП).

Гаревски за Фактор потенцира дека од 2014 година градбите се контролираат од повеќе институции кои се регистрирани во Министерството за образование и наука, меѓу кои се ИСОГКП кои спроведуваат контроли на терен, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и други слични институции, кои ја проверуваат безбедноста на градбите.


– Во Скопје и Македонија не може да се случи земјотрес со магнитуда од 7,8 степени. Најголемата магнитуда е регистрирана во Пехчево-Берово во 1904 година и таа била меѓу 7,2 и 7,4 степени. Сепак, би нагласил дека во нашата земја не се очекува земјотрес со јачина како во Турција – потенцира Гаревски.

Тој за Фактор додава дека по 1999 година се воведени поризгорозни одредби за градење во Турција, но и контроли. Сепак, појаснува дека и понатаму има многу згради кои се изградени пред новите законски измени, односно пред 1999 година, што ги прави ранливи на силни удари, бидејќи начините на градење претходно биле многу „несериозни“.


– Последователни земјотреси во следниот период е очекувано. Афтершоковите ќе продолжат во следните 2-3 месеци, па дури може да траат и 5-6 месеци. Сепак, по главниот удар, не се очекува нов толку силен удар, или близу до него. Веќе имаше некои посилни, во ваква ситуација, очекувано е одреден период да има последователни земјотреси со магнитуда околу 4 степени, па околу три, па два, но може и пак да се зголеми магнитудата и да има земјотрси со силина околу 5 степени, па пак да намалува и постепено да запрат – дополнува Гаревски.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44756
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време – температурите ќе надминат 40

30/07/2026

Под влијание на изразено топла воздушна маса што пристигнува од југ, нашата земја ја зафаќа нов топлотен бран. За време

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026

Вкупно 73 граѓани вчера побарале медицинска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат од надлежните служби. Во Општата болница

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy