
Галата се тресеше против Молде, Брага ја преживеа Атина, Јанг Бојс убедлив (ВИДЕО)
Турците со голот на Икарди од пенал уште во седмата минута веќе помислија дека е сѐ решено, но Скандинавците не се предадоа во ниту еден момент, па изедначија преку Хестад во 66. минута и се вратија во игра барем за продолженија. До тоа помислија дека се ептен блиску кога Бериша ја затресе мрежата на домаќинот во 81. минута, но ВАР го поништи овој погодок поради офсајд. Казната за тоталната офанзива на Норвежаните дојде во 93. минута кога Анхелињо го потврди големиот успех за Галата.
Меѓу европската елита ќе се најдат уште и Брага и Јанг Бојс, кои ги добија пресметките против Панатинаикос (1-0) во Атина односно против Макаби Хаифа (3-0) на домашен терен. Португалците со ова ја потврдија предноста од првиот меч (2-1), додека Швајцарците покажаа моќ по ремито во Израел (0-0). Поразените во трите дуели ќе играат во групната фаза од Лига Европа.
