Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Г.Г. Стефан му го честиташе именденот на вселенскиот патријарх Вартоломеј: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот
Македонија

Г.Г. Стефан му го честиташе именденот на вселенскиот патријарх Вартоломеј: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот

13/06/2023

AA

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. упатил телеграма со честитка за именденот на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во која покрај желбата за негово мирно патријархување порачува дека МПЦ-ОА трпеливо и смирено го очекува Томосот за нашата црква од Вселенската патријаршија.

-Ваша Светост, честитајќи Ви за Вашиот именден, дозволете ми уште еднаш да Ви посакам мирно патријархување на престолот на Вселенската патријаршија, од која трпеливо и смирено ја очекуваме долгоочекуваната радосна вест, Томос за нашата Помесна православна црква, се наведува во телеграмата.

Македонскиот Архиепископ во честитката и поздравот од, како што наведува, богоспасуваната Охридска Архиепископија, на Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј му посакува вечна заштита, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот.

-Смирен и најсакан архипастире и богољубив Претстојателу на првопрестолната Мајка Црква, даруван со благодат Патријарх на маченички осветената катедра на Константинопол, дозволете ми на денот на Вашиот небесен покровител, светиот апостол Вартоломеј, лично и во името на нашата помесна Црква, да Ви честитам за Вашиот именден и радувајќи се со Вас, да Ви посакаме вечна заштита од Вашиот небесен покровител, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот, наведува г.г. Стефан во телеграмата.

Телеграмата била прочитана на неделната Света литургија во Сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Фанар, каде претставник на архиепископот Стефан бил митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Со благослов на надлежниот Високопреосветен митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј на литургијата присуствувале и претставници на монашката заедница од свештените Обители Бигорски, Рајчица и Пречиста, предводени од епископ Антаниски г. Партениј.

Во неделно обраќање по повод својот именден, како што објави Вселенската патријаршија на својата официјална страница, Вартоломеј направил осврт на поголемите настани што на црковен план ја одбележаа годишнината од минатиот именден. Меѓу другото, тој го истакнал и враќањето на Охридската архиепископија во канонско единство со православниот свет.

-Мината година ја примивме во семејството на канонските цркви и Охридската архиепископија, порачал Вартоломеј, кој потоа забележал дека по прифаќањето на нашата Црква, уследиле и некои неканоски дела во рамките на интерправославните односи.

Патријархот Вартоломеј во беседата се осврнал и на војната во Украина. -Разбирливо е дека во последниов едногодишен период, од јуни минатата година или поскоро од избувнувањето на несветата и разорителна војна во Украина, го следиме развојот на настаните, се молиме за враќање на мирот и во секоја прилика ја осудуваме руската агресија во независна и суверена држава, спротивно на секоја смисла на меѓународното право и на етичкиот поредок. Плачеме со расплаканите сопруги и мајки на римските и украинските војници кои паднале на полињата на битките, порачал Вартоломеј.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И

16/02/2026
Македонија

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една

16/02/2026
Македонија

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026
Македонија

„Не верувајте на шпекулации“ – Министерство за транспорт: Македонија води

16/02/2026
Македонија

Загина пешак на магистралниот пат Подмоље- Струга – го удрило

16/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ, ЌЕ ДУВА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60

16/02/2026
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
Македонија

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41517
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И ЈА ОГРАБИЛ Прилепчанка доживеала шок

16/02/2026

59-годишната С.Д. од Прилеп додека управувала со својот велосипед, едно лице ја турнало, а друго ја нападнало физички. Во нападот

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една недела

16/02/2026

Општина Центар продолжува со засилените контроли за воспоставување на комунален ред. Во текот на изминатата недела, комуналните инспектори и редари

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy