
Фудбалскиот принц е на „Паркот на принцовите“, го поздравија навивачите и на ПСЖ и на Барса (ВИДЕО)
Вечерва, некогашниот фудбалски волшебник присуствува на натпреварот на овие две екипи на „Паркот на принцовите“, а до оглед на неговите игри во дресот на двата клуба, нормално е Бразилецот да е омилен и кај едните и кај другите навивачи. Дојде до вистинска еуфорија кога тој се појави на стадионот, на задоволство на сите љубители на фудбалот кои во живо го следат овој меч.
ПСЖ беше прв европски клуб за Роналдињо кој дојде таму во 2001 година. Две сезони подоцна се пресели во Барса и таму ги помина најдобрите години од својата кариера, освојувајќи титула во Лигата на шампионите и две во шпанското првенство.
