
Франција ја декласира Шведска и обезбеди финале на СП
Шведска тргна катастрофално во натпреварот и до средината на полувремето постигна три гола (3-13), а до паузата успеа да намали на осум голови негатива (11-19).
Франција го чуваше водството и во вториот дел, додека шведските ракометарки се обидуваа да внесат неизвесност во натпреварот, меѓутоа грешките во нападот и лошата одбрана беа казнети од противникот.
Хорачек беше најдобра кај Франција со девет голови, додека Хагман постигна пет погодоци за Шведска.
Франција во финалето на СП ќе се бори против Норвешка.
