
ФОТО Зголемено полициско присуство пред Обвинителство, се очекува прес конференцијата на Спасовски и Бубевски
Голем број на медиумски екипип се наоѓаат на десеттиот кат во Јавното обвинителство каде за 9 часот и 30 минути е закажана прес конференција на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
Според моменталната состојба, прес конференцијата ќе започне со мало задоцнување.
Пред згадата на Обвинителството се наоѓаат полициски служебници.
Ова ќе биде прва прес конференција по вчерашното откривање дека Вања е убиена пред 7 дена.