
ФОТО Три авиони кружат над Скопје и не може да слетаат на скопскиот аеродром
Авионот од Варшава, Анталија и Меминген моментално кружат над скопскиот аеродром и не може да слетаат поради лоши временски услови, односно густа магла.
Во моментов има информација дека летот од Анталија дека е пренасочен кон Измир, летот од Меминген кон Приштина, а летот од Варшава се враќа назад.
Најновиот METAR извештај за аеродромот Скопје (LWSK) од 25-ти јануари во 15:50 UTC покажува дека временските услови и понатаму се неповолни за воздушниот сообраќај, со значително намалена видливост и присуство на густа магла.
