ФОТО Први фотографии од срушениот авион во Мавровско езеро
Мал авион Цесна се урна попладнево во водите на Мавровското езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено.
Инцидентот веднаш бил пријавен на број 112, а информацијата била проследена од ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција.
Надлежните екипи се на терен и преземаат мерки за спасување и обезбедување на местото на несреќата.