
ФОТО Претседателката и оваа година положи венец на гробот на Свети Кирил без името на државата
Претседателката Гордана Силјановска Давкова и оваа година положи венец цвеќе на гробот на Свети Кирил без да го напише името на државата.
Која држава Силјановска – Давкова ја претставуваше во Рим?
Ваква непријатна ситуација имаше и на нејзиното прво меѓународно учество на одбележувањето на ликот и делото на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
На лентата на венеците што таа ги положи во базиликата „Санта Марија Маџоре“ – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и гробот на Св. Кирил стои само „Претеседател Гордана Сиљановска – Давкова“, без притоа да биде наведено државното име, тоа се насетува само по државното знаме на крајот од лентата.
За разлика од неа, на венецот што го положи Румен Радев јасно е наведено Република Бугарија.