(ФОТО) ПОПЛАВЕНИ СЕ ПОВЕЌЕ ЦРНОГОРСКИ ГРАДОВИ: Има отсечени села, а гром удри во дрво кај угостителски објект
По Босна и Херцеговина(БиХ) поплави има и во Црна Гора.
Обилниот дожд што врне од вчера предизвика поплави во повеќе градови во Црна Гора. Поради надојдената вода отсечени се и неколку села.
Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија (ЗХМС) издаде црвен метеоаларм поради најавениот силен ветер и обилниот дожд. Се очекува ветерот да достигне и брзина од 90 километри на час.
Центарот на Будва е под вода. Во Подгорица се поплавени неколку улици. На шеталиштето „Крал Никола“ во Бар, околу 10.30 часот гром удрил во дрво покрај тераса на угостителски објект и детски парк.
Во БиХ загинаа најмалку 20 луѓе. Врнежи од дожд има и во Македонија.